Црна хроника
Жител на Јурумлери осомничен за кражба на 150.000 денари од црква
Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против 36-годишно лице, осомничено дека сторило кривично дело тешка кражба.
Осомничениот, ноќта меѓу 22 и 23 март годинава, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров и влегол внатре. Потоа со погоден предмет дејствувал на дрвената каса, ја отворил и од неа одзел 120.000 денари. По ова, тој се упатил кон внатрешната продавница во склоп на црквата, исто така насилно ја отворил и од фиоката одзел уште 30.000 денари. Веднаш по кражбата, осомниченото лице го напуштило местото на настанот.
Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за сторител што досега е осудуван за слични и други кривични дела, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

