Црна хроника
Загина работник на објект, во него удрил колега со машина

Четириесет и седумгодишен маж од гевгелиското село Фурка починал кога во него удрила работна машина додека работел на објект.
„На 4.3.2021, во 13.45 часот, во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во кругот на правен субјект во село Николиќ, Д. Ј. (29) од Гевгелија, управувајки работна машина, удрил во С. С. (47) од село Фурка, вработен во истиот правен субјект.
С. С. починал на местото на настанот, а смрт констатирала медицинска екипа. Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор од Државниот инспекторат за труд и екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдено е исчезнатото 13-годишно девојче од Скопје

Вчера полицајци во скопското село Варвара го пронашле 13-годишеното девојче чија мајка пред два дена пријави дека ќерка ѝ исчезнала, соопшти МВР.
„На 24.02.2025 во 13:20 часот во с.Варвара, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Р.(13) од Скопје. За неа на 23.02.2025 незјината мајка Е.Р.(52) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот“, пишува во билтенот на МВР.
Црна хроника
Насилство во женското одделение во Идризово, осуденичка е тешко повредена

Во женското одделение во затворот „Идризово“, пред два дена, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката, како што информираа од полицијата, учествувале осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца гостиварци купиле ист стан, МВР го расчистува случајот

Двее лица од Гостивар на возрааст од 42 и 58 години, пријавиле дека биле измамени од Џ.С. – сопственик на градежна компанија од овој град.
Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.