Топ
Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле
МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б. (28) и Б. В. (24), двајцата од Скопје.
Убиството на двете млади момчиња се случи доцна ноќеска на булеварот Македонско-косовска бригада.
„По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило ‘ситроен’ со скопски регистарски ознаки и две лица што не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се патрони од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес го погоди Пакистан
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.
Свет
Дваесет загинати во израелски воздушни напади
Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата.
Тие додадоа дека во Рафах, на југот на енклавата, каде во моментов се наоѓаат над милион Палестинци, 14 лица загинаа, а десетици други се ранети во нападите што погодија неколку куќи и станови.
Уште шест лица загинаа во вториот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, додадоа официјални лица.
Деир Ал Балах, град во централниот дел на Појасот Газа, на околу 14 километри јужно од градот Газа, исто така беше бомбардиран во текот на ноќта, јавува Ројтерс.
Од почетокот на израелската агресија врз Газа, според Министерството за здравство во Појасот Газа, загинале повеќе од 31.000 луѓе.
Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, во понеделникот отиде во Катар за да ги продолжи преговорите за привремен прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Македонија
Јакимовски за ставањето на црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија
Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција изјави дека е изненаден од одлуката на Стејд Департментот за ставањето на црната листа.
Како поинаку да го сфатиме овој акт на насилие, освен како директно мешање во изборниот процес во Македонија, рече Јакимовски.
„Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, па помош бараат од Американците. Ниту Американци ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија. Тие ја направија оваа влада од која сме многу „среќни“ во 2016 година. Сега поврторно сакаат да ни скројат влада како тие што сакаат, и претседател каков што тие сакаат. Ги повикувам граѓаните да им покажеме дека не можат да си играат со еден вака мал народ“, кажа Јакимовски.
Најави дека ќе поднесе кривична пријава против непознато лице, за неговото додавање на црната листа. Вели дека ова е директно мешање во изборниот процес и дека тој нема да се повлече.
„Ни случајно, да знам да умрам нема да се повлечам од изборната трка“, дециден е Јакимовски.
„Ова е само потврда дека мојата политика е исправна и во одбрана на македонските национални интереси. Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене, изјави Јакимовски.
Тој рече дека оваа одлука на Стејт департментот за да го стави него и неговото потесно семејство на црната листа е резултат на анкети, кои покажувале дека тој ќе влезе во вториот круг на претседателските избори.
Потсети дека не случајно, токму денеска е објавена црната листа, кога ја поднел кандидатурата во ДИК и откако ги собрал потребните потписи.
„Донал Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан, против Вучиќ. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во избор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“, додава Јакимовски.
Американскиот Стејт Департмент денеска објави дека на црна листа се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат на претстојните избори Стевчо Јакимовски. Од Стејт Департментот велат дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции.