Црна хроника
Задолжително психијатриско лекување за кавадарчанец, кој се обидел да си ја силува малолетната сестра

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14 години.
Обвинетиот, во периодот од 13 до 15 декември 2021 година, во состојба на битно намалена пресметливост, искористил момент додека бил сам во домот со својата 11-годишна сестра, па се обидел врз неа да изврши полови дејства.
Оштетената го оттурнала и тој паднал на земјата, па делото останало недовршено.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
Исто така, со оглед на тоа што со психијатриско вештачење било утврдено дела делото е сторено во состојба на битно намалена пресметливост, јавниот обвинител му предложил на судот, покрај изречената казна, на обвинетиот да му изрече и задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.