Црна хроника
Запленети речиси 30.000 пиротехнички средства во Гостивар, Штип и во Битола
Полицијата денеска привела четири лица кај кои биле пронајдени пиротехнички средства. Кај двајца гостиварци биле пронајдени и одземени 4.800, односно 1.835 пиротехнички средства. Кај битолчанец се најдени 6.939, а кај штипјанец 2.900 пиротехнички средства.

„Околу 12.30 часот, на улиците Борче Јовановски и Браќа Ѓиновски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б. А. (48) од Гостивар, затоа што во возило ‘опел мерива’ му биле пронајдени и одземени 4.800 пиротехнички средства, и 35-годишниот гостиварец С. К., од кого биле одземени 1.835 пиротехнички средства.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Исто така, денеска, (29.12.2020) полициски службеници од Одделението за крим-полиција – отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола, заедно со полициски службеници од Полицискаа станица од општа надлежност Битола, од Н. Ш. (57) од Битола одзедоа 6.939 пиротехнички средства, а Н. Ш. е лишен од слобода.

Денеска, 29.12.2020, полициски службеници од СВР Штип, по добиени оперативни созаннија, при преглед на возило управувано од А. Ф. (52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2.900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително, се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 пиротехнички средства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

