Контакт

Топ

Запленети над 2.000 пиротехнички средства во Тетово

Објавено пред

Полицијата вчера запленила над 2.000 пиротехнички средства.

dobivaj vesti na viber

Синоќа, во продавница во тетовското село Долно Палчиште биле пронајдени и одземени 1.380 разни видови пиротехнички средства.

Претходно, околу 18.20 часот, пред угостителски објект на градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 петарда. По целосно расчистување на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Објавено пред

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега се собрани 156.542.967 денари или околу 2,5 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Од Црвениот крст велат дека заклучно со денес, во неколку наврати извршиле исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.

„Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250 денари“, велат од Црвениот крст, сумирајќи дека вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари.

Се додава дека преостанатите средства во износ од 46.593.866,00 денари на сметката на Црвениот крст, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата.

Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на високи претставници од ЕУ, НАТО и САД.

dobivaj vesti na viber

Темата за билатералната средба со Бугарија била отворена уште за време на посетата на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Доколку се случи, покрај македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Радев, би присуствувале и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и претставник на САД.

Мицкоски не знае дали Бугарија ја прифатила средбата, но верува дека е добро доколку се случи за да можат да се слушнат аргументите од свете страни.

„Кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

Мицкоски во обраќањето пред медиумите рече и дека со Калас имале отворен разговор за македонските евроинтеграции. Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање. Повика на фер третман и доследност од Унијата, коментирајќи и дека сме уморни од постојаните блокади поврзани со билатерални прашања.

Калас, пак, порача дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и треба да ги преземе чекорите за почеток на преговорите. Го пофали усогласувањето со надворешната политика на Унијата, а во однос на механизмите со кои би се деблокирал процесот на преговорите, не сакаше да открие детали. Унијата верува дека планот „А“ за македонските евроинтеграции ќе функционира, истакна таа, прашана зошто за Македонија нема план „Б“, а има за Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските евроинтеграции, откри премиерот на заедничката прес-конференција. Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање.

dobivaj vesti na viber

„Ние припаѓаме во ЕУ, не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општетство на демократски вредности, владеење на право, човекови права и добрососедство. Ќе се согласиме, не сите земи членки и не секогаш се однесуваат во европскиот дух. Денес во разговорите побарав фер третман, доследност. Европа да покаже лидерство кое ќе донесе нешто вредно за граѓаните во реалност. Да се врати вербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека ЕУ не е затворена, туку за нас е жива визја, заедница на вредности. Денес не само што зборувавме за реформии, туку ги живееме тие реформи. Веруваме во европскиот сон и бараме да биде достапен за сите“, рече Мицкоски.

Тој изрази верување дека иднината е на нашата страна. Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да можеме да сметаме на Европа, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас.

Премиерот ја повтори подготвеноста на земјата да прифати медијација за разговори со Бугарија, како и решителноста да се изнајде решение кое ќе биде достоинствено.

„Уморни сме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања“, изјави премиерот.

Тој рече рече и дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот, со што во присуство на меѓународната заедница би биле слушнати аргументите од двете страни.

Калас порача дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и треба да ги преземе чекорите за почеток на преговорите. Го пофали усогласувањето со надворешната политика на Унијата, а во однос на механизмите со кои би се деблокирал процесот на преговорите, не сакаше да открие детали. Унијата верува дека планот „А“ за македонските евроинтеграции ќе функционира, истакна таа, прашана зошто за Македонија нема план „Б“, а има за Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата

Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега...

Македонија3 часа

Мицкоски: Прифативме билатерална средба со Бугарија на маргините на НАТО, со присуство на претставници од ЕУ и САД

Премиерот Христијан Мицкоски откри дека прифатиле да седнат на маса со Бугарија на маргините на НАТО самитот со присуство на...

Македонија3 часа

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас имале отворен разговор за македонските...

Македонија4 часа

Сè уште се надеваме дека планот А ќе функционира, рече Калас прашана зошто за Украина има, а за Македонија нема план Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè...

Македонија5 часа

Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија

Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот влада со влада, соопшти британската...

Македонија5 часа

Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ѝ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика,...

Македонија5 часа

Предложен притвор и мерки на претпазливост за обвинетите во предметот „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог...

Македонија6 часа

Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Откога Институтот за јавно здравје вчера потврди два случаја на monkeypox – мајмунски сипаници во Македонија, епидемиологот Драган Даниловски на...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна...

Македонија8 часа

Мицкоски продолжува и на јавната сцена да демонстрира одбивност кон Албанците, велат од ДУИ

Јавното понижување на градоначалникот на Тетово пред сите камери, пред целата јавност, всушност преставува логична последица на моноетничката доминација во...

Свет9 часа

Европол разби огромна хакерска мрежа: „Го погодивме самиот извор на нападот“

Меѓународната операција против сајбер криминалот, наречена Операција „Endgame“, силно ги погоди глобалните мрежи за хакирање. Во периодот од 19 до...

Свет10 часа

Шефот на СЗО го повика Израел да покаже милост во Газа: Замислете како луѓето страдаат

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) го повика Израел да покаже милост во војната во Газа. Во емотивно обраќање на...

Македонија11 часа

Каја Калас денеска во Скопје ќе се сретне со Мицкоски

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес доаѓа во Скопје. Калас ќе се...

Македонија19 часа

Два случаи на мајмунски сипаници во Македонија: потврди Институтот за јавно здравје

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје од Клиниката за кожни болести биле упатени двајца пациенти суспектни за Monkeypox –...

Македонија1 ден

Данела му одговори на Мицкоски: „Благодарам на можноста господине Мицкоски да делувам едукативно на вас“

Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира...

Македонија1 ден

Уапсени полицајци – дозволиле студенти од Турција нелегално да престојуваат во земјава

По неколкумесечна предистражна постапка, денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Македонија1 ден

Славески ќе си замине од функцијата претседавач во Советот на Град Скопје доколку биде избран за гувернер

Професорот и претседавач на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, доколку биде избран за гувернер на Народната банка на Република...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер

Наместо експерт – партиски пулен, СДСМ нема да го поддржи Трајко Славески за гувернер, изјави пратеникот Оливер Спасовски. Според него, изборот...

Македонија1 ден

Поднесени две обвиненија за „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“, со кој се опфатени шест лица, и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор...

Македонија1 ден

(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и...