Црна хроника
Запленети над 4,3 тони марихуана вредни над 10 милиони евра во гостиварско
Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од ОВР Гостивар и надлежен Јавен Обвинител од ОЈО Гостивар, по претходно издадена Наредба од Основен суд Гостивар од правно лице во село Врапчиште – Гостивар, одземена е марихуана во вкупна количина од 4341 килограми, вредна над 10 милиони евра. Наведената количина е одземена по донесена Одлука на Владата на РСМ за одземање на Одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на наведеното правно лице поради констатирани неправилности во работењето. Имено, во изминатиот период од страна на полициски службеници од Одделот за крим полиција и ОВР Гостивар во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели беше извршена вонредна контрола при што се констатирани бројни неправилности во работењето, за што од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар е поднесена кривична пријава по член 95 в од Законот за контрола на опојни дроги.
По донесувањето на одлуката на Владата на РСМ, 4341 килограми наркотична дрога марихуана е одземена и сместена во Агенција за управување со одземен имот.
Министерството за внатрешни работи заедно со Комисијата од Министерството за здравство и во иднина ќе продолжи со контроли во правните лица кои поседуваат одобренија за одгледување на канабис за медицински цели со цел утврдување на евентуални неправилности во работењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

