Топ
Запленети околу 2000 парчиња пиротехнички средства на Бит-пазар

Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и плициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства на подрачје на Град Скопје.
Притоа на Бит-пазар биле пронајдени и одземени 1828 парчиња разновидни пиротехнички средства.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат такви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта, при изведба на градежни работи во близина кампот „Рино“ покрај Охридското Езеро, оваа работна недела во реон на Општина Струга.
Пронајдената артилериска граната со калибар 105 мм била од Првата светска војна, што практично била во двор меѓу изградени куќи. Безбедно е подигната и транспортирана до место за нејзино складирање, а потоа и за уништување, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорги Стефанов.
ДЗС информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при вакви случаи кога ќе се најдат опасни неексплодирани убојни и други средства.
Конкретно, ДЗС апелира дека при прошетки во природата, во случај кога граѓаните ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги допираат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
По пријавата, надлежните институции и служби од Системот за управување со кризи, самостојно или комбинирано со стручни лица, ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани, односно да бидат уништени опасните пронајдени работи, согласно конкретните просторни услови, ситуации, а и карактеристики на опасните НУС.
Македонија
Грција ќе екстрадира македонски државјанин, кој се сомничи за убиство на пензионер во Германија

Апелациониот суд во Солун даде „зелено светло“ за екстрадиција во Германија на македонски државјанин обвинет за грабеж, а потоа и за убиство.
Со тоа, прифатено е барањето на германските власти за екстрадиција на 34-годишен државјанин на Северна Македонија, кој наводно учествувал во грабеж проследен со убиство, со 81-годишна жртва, јавува грчкиот сервис на „Си-ен-ен“.
Обвинетиот побара да не биде екстрадиран во Германија и да ја издржува казната во Грција, од хуманитарни причини бидејќи како што рече, неговото семејство живее во градот Велес, кој е блиску до границата на двете земји, а роднините ќе можат полесно да го посетуваат во затвор.
Како што пишуваат грчките медиуми, злосторството било извршено минатиот февруари во мал град во сојузната покраина Хесен, Германија, а жртвата е 81-годишен маж. Осомничениот бил уапсен вечерта на 27 мај на граничниот премин Евзони, и се покажало дека против него е распишана европска потерница.
Според документите на германското обвинителство, 34-годишникот наводно патувал во Германија со сограѓани од деловни причини. Се чини дека постарата жртва изнајмувала соби, а 34-годишникот и неговите сонародници престојувале во една од нив. Сторителите според обвинението го врзале и му ја затвориле устата на 81-годшниот маж, земајќи пари од неговиот дом, по што тој починал од задушување.
Македонија
Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.
Ова се случува откако Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.
Со оваа инвестиција, како што информираат од Владата, ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.