Црна хроника
Запленети хероин и марихуана во Кичево, приведен 23-годишен дилер
Вчера во Кичево полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-СНТДООМ, во координација со ОВР Кичево го уапсија А.М.(23) од Кичево, поради основано сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога – хероин и марихуана.
Синоќа во 21.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.
По претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од НККР – ОНТДО Кичево во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, при што се пронајдени и одземени 18 паковки со хероин, ќеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, 3 дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер ќеса со остатоци од марихуана.
По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. е приведен во Полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

