Црна хроника
За еден ден во Тетово казнети 189 лица во сообраќајот

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Тетово.
Притоа, изречени се вкупно 189 санкции, меѓу кои 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 22 за возење без возачка дозвола, 18 прекршоци на мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возач со автобус на ЈСП удри во пешак и тешко го повреди

Н.С. (70) вчера беше тешко повреден откако во него удри автобус на ЈСП. Сообраќајката се случила на крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“ и улицата „Петре Ѓорѓиев“ во Скопје.
Автобусот бил управуван од Б.А. (50). Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кавадарчанец удрил во полициско возило, фатен е и приведен

Приведен е кавадарчанец кој со својот автомобил удрил во полициско возило.
– Вчера во 13.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.С.(33) од овој град, затоа што при обид да биде легитимиран, А.С., кој бил во паркирано патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, го стартувал возилото и со него удрил во полициско службено возило, појаснија од СВР Велес.
По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово

Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.
Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.