Црна хроника
Идентификувани 23 прекршители на полицискиот час во Сингелиќ, побарани парични казни
Парични казни од по 3.500 евра за 23 прекршители на полицискиот час во скопската населба Сингелиќ, побара Основното јавно обвинителство Скопје од Основниот кривичен суд Скопје.
Обвинетите се идентификувани како лица кои на 13 април околу 22 часот, за време на полицискиот час, биле затекнати групирани надвор од нивните домови во Сингелиќ. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата, донесена со цел спречување на заразната болест Ковид-19.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 35 евра во денарска противвредност.
Во врска со настанот во Сингелиќ на 13 април, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица, со кој побара на лицата обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија да им бидат изречени парични казни од 100 дневни глоби од по 50 евра. Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по овој предлoг, веќе изрече првостепена пресуда со која тројцата обвинети ги огласи за виновни и им ја изрече паричната казна од по 5.000 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепање, закани со компромитирачко видео, одземање телефон – повеќе пријави за родово насилство во Скопје од партнери и поранешни сопрузи
Во текот на 26 и 27 јануари 2026 година, во Скопје се пријавени повеќе случаи поврзани со семејно и родово базирано насилство, информира Министерството за внатрешни работи.
На 27 јануари, околу 00:30 часот, 40-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 20:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. во неговиот дом. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Истовремено, по претходна пријава на 34-годишна жена, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 32-годишниот Р.Ќ. од Скопје, кој, според пријавата, на 23 јануари ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачки видео запис од неа. Се работи за поранешен партнер. Приведувањето било извршено на 26 јануари во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во друг случај, на 26 јануари околу 16:00 часот, службени лица од СВР Скопје извршиле разговор со 49-годишниот В.Т. од Скопје, откако неговата 42-годишна сопруга пријавила дека тој ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон на 24 јануари во нивниот дом на подрачјето на Центар. И за овој случај е најавен соодветен поднесок по документирањето.
Дополнително, истиот ден во 11:40 часот, на подрачјето на Бит Пазар бил приведен 77-годишниот А.С. од скопско, по пријава на 51-годишна жена дека ја допирал по телото. По преземените дејствија, и за овој случај ќе следува поднесок до надлежните органи.
Црна хроника
Татко пријавил дека наставник го нападнал неговиот син во училишна сала
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото училиште.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.
Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Во неколку наврати, преку трансакциска сметка, оштетениот му исплатил вкупно 6.650 евра. По тоа, осомничениот престанал да комуницира со него, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

