Топ
Извлечени тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица

Вчера, во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Ресен добиле пријава – повик за помош од Ј. Д. (20) од Битола.
Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето патничко моторно возило „сузуки“, со битолски регистарски ознаки, заедно со своите сопатници А. В. и Ѓ. Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење возила во зима.
Полициски службеници од граничниот премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото што било заглавено во снегот по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција. При претресот, извршен по добиен налог од надлежното обвинителство, инспектори од Одделението за истраги, пронајдоа вкупно шест таблети од 0,29 грама прихотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис, извести Царинската управа.
Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата.
Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во МВР, каде е потврден нивниот хемиски состав.
Против осомничената, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, поднесе кривична пријава до ОЈО Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик.
Европа
(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.
Destructive flooding right now in Godall, Tarragona Province, Catalonia, Spain.
pic.twitter.com/iLik2HbjXj— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) October 12, 2025
Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.
#NSTTV Severe flooding has hit Spain’s Catalonia region after torrential rain triggered red alerts, trapping residents, halting trains and prompting mass safety warnings.
Read more at: https://t.co/TeLSOE5D6q pic.twitter.com/fnatpjaHZH
— New Straits Times (@NST_Online) October 13, 2025
Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.
Devastating flooding is currently occurring in La Ràpita, Montsià, Catalonia, Spain.
📷 Jamila Moussaoui Jannati pic.twitter.com/1nVKHo7VXC
— Renalee (@rena_lynnx) October 13, 2025
Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. AEMET предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.
фото: принтскрин
Свет
Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.
Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест, Алон Охел, Омри Миран, Еитан Мор и Гај Гилбоа-Далал.
Објавата предизвика овации меѓу толпата на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа под израелска контрола, каде што заложниците ќе им бидат предадени на израелските сили.
Потоа тие ќе бидат префрлени во воената база Реим во јужен Израел, каде што ќе бидат повторно обединети со своите семејства.