Контакт

Топ

Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот

Објавено пред

Во пожар целосно изгоре барака во скопската населба Пржино, при што тешко е повреден 68-годишен скопјанец. Според информациите, тој се обидел да го изгасне огнот, но безуспешно.

dobivaj vesti na viber

Огнот ја зафатил и кровната конструкција на објектот до неа.

Притоа, со повреди се здобил Ц.К., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Објавено пред

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која тој меша бела прашката материја и кажува дека зема исклучиво со „чисто бело“. Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква законска обврска може да се вметне во некој од 12 здравствени закони кои се менуваат во овој момент.

dobivaj vesti na viber

„Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која што ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.

Сега веќе разрешениот директор на Клиниката за неврологија Кузмановски, од март годинава работел со истечена лиценца. Министерот Алиу најави дека неколку комисии, покрај Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат работат  на утврдување на тоа дали и какви прегледи правел Кузмановски во периодот додека бил без лиценца.

Иако не е сигурен дали токсиколошките анализи може да станат законска обврска, министерот Алиу најави дека ќе побара во „Мој термин“ да се вметне рокот на лиценцата на лекарите и системот да им забранува логирање во моментот кога ќе им истече важноста на лиценцата.

Алиу извести дека на местото на разрешениот Кузмановски, за вршител на должност го назначил Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој, пак, рече дека на негова иницијатива на Клиниката ќе се формираат две интерни комисии со кои ќе се иницира внатрешен стручен надзор на работата на разрешениот директор во последните 12 месеци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Објавено пред

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен д-р Јован Божиновски, формирани се и комисии за надзор на работата на оваа клиника.

dobivaj vesti na viber

-По повод објавениот видео-материјал на 10 октомври со компромитирачка содржина, која според член 111, став 1, т.4 од Законот за здравствена заштита, а поврзано со предизвикување директна или индиректна штета на јавните здравствени установи, во овој случај нарушување на угледот на институцијата, поранешниот веќе директор д-р Игор Кузмановски е разрешен и денеска е назначен нов директор д-р Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, посочи министерот Алиу.

„Министерството е во постојана комуникација со Лекарската комора, формирана е комисија во Министерство и побаран е инспекциски надзор од ДСЗИ, по што ќе се формира и интерна комисија за стручен надзор на Клиникат“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Објавено пред

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо и чесно преку вистинска дигитализација. Тој денес кажа дека откога ја направил Кисела Вода прва дигитална Општина не само во Македонија туку на целиот Балкан, таквиот модел ќе го пренесе и на градско ниво.

dobivaj vesti na viber

„Со 17 проекти од оваа област Скопје ќе стане првиот целосно ‘пејпер фри’ град во државата, дигитален, модерен и пред се транспарентен. Дигиталната трансформација ќе се изврши во три клучни сегменти. Комплетна внатрешна дигитализација на сите процеси и процедури, креирање на дигитални услуги и сервиси за граѓаните и бизнис заедницата и комплетна дигитализација на Советот и на јавните претпријатија со што Градот ќе ја започне најголемата административна реформа досега“, вели Ѓорѓиевски.

Посебна организациона единица со назив „смарт центар“ Ѓорѓиевски вели дека ќе биде срцето на дигиталната трансформација. Преку овој центар ќе се координираат сите проекти за дигитализација на Градот, односно воведување на паметен град овозможувајќи дигитално управување со транспорт, отпад, јавни ресурси и услуги преку податоци и анализи во реално време.

„Ќе воведеме документ-менаџмент систем за сите административни процеси да се дигитализираат од прием на предмети до нивно решавање, со  јасен дигитален траг на секој документ. Ова ќе гарантира отчетност, брзина, минимално влијание на човечкиот фактор, и пред се подобра услуга за нашите граѓани“, рече Ѓорѓиевски.

Практичната имплементација на визија за урбан развој за Скопје 2025 – 2045 година ќе се реализира преку проектот Дигитален близнак на Скопје со што ќе се создаде дигитална реплика на градот со интеграција на просторни податоци, сензори и документи. Овој систем Ѓорѓиевски смета дека ќе овозможи интелигентно урбано планирање, поефикасно управување со инфраструктурата, климатска отпорност и брз одговор при непогоди.

Секој извод од Генералниот урбанистички план ќе биде достапен дигитално со електронски потпис, рече Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски најави дигитализација на сите регистри во Град Скопје, проект за е-даноци со кој решенијата за данок на промет ќе се издаваат за пет работни дена, а даноците ќе се плаќаат електронски. Со проектот е-адреса во соработка со Катастарот ќе се изврши комплетно мапирање на улиците и објектите и секој објект ќе добие видлив број, секоја улица матичен број, правилен назив и кјуар код  со можност за граѓаните да добијат електронска потврда за точната адреса.

Дигиталната платформа за културно наследство ќе интегрира 3Д – реконструкции, виртуелни тури и дигитални архиви на културното богатство на Скопје достапни за граѓаните и туристите.

Градскиот портал Ѓорѓиевски вети дека ќе биде централно место преку кое граѓаните, бизнисите и институциите ќе имаат централен пристап до сите услуги на градот, јавните претпријатија и јавните установи, брзо транспарентно и достапно.

Со е – извод од ГУП секој извод од Генералниот урбанистички план ќе биде достапен дигитално со електронски потпис, скопјани ќе добијат една картичка со која ќе можат да ги плаќаат сите градски услуги јавен превоз, паркинг, билети за култура и спорт со попусти и бесплатни услуги за учениците, пензионерите, невработените и лицата со попреченост.

Ѓорѓиевски планира комплетна дигитализација на Советот на Град Скопје и јавните претпријатија кои ќе работат транспарентно и дигитално преку електронски седници на Советот и состаноците на Управните одбори, со електронски пристап до материјалите, гласање и дискусија со јавна достапност и на сите записници.

Сите средни и големи компании во Скопје ќе бидат обврзани да ангажираат најмалку еден млад вработен до 25 години за секои дваесет постојани вработувања, рече Ѓорѓиевски

Со посебни мерки, Ѓорѓиевски ќе ги задржува младите дома.

„Сакаме да изградиме град кој ќе им понуди шанса, простор и поддршка да растат и да создаваат овде во Скопје. Затоа ја воведуваме мерка која веќе даде одлични резултати во Кисела Вода, а тоа е ослободување од комуналии за млади брачни двојки. Младите брачни парови до 40 години, без друг имот, ќе добијат 100% ослободување од комуналии при изградба на куќа за домување. За општините што веќе донеле ваква одлука, како Општина Кисела Вода, ослободувањето ќе изнесува 100%, а за останатите општини 60 %, односно делот кој му припаѓа на Град Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Во програмата задолжително младинско вработување Ѓорѓевски предвидува обврска за сите средни и големи компании во Скопје да ангажираат најмалку еден млад вработен до 25 години за секои дваесет постојани вработувања.

„Оваа мерка се темели на успешни модели од земји како Германија и Холандија каде младинските квоти и стимулации за работодавачите резултирале со значително зголемување на вработеноста кај младите“, рече Ѓорѓиевски.

Тој денес промовираше младински центар за кариера кој ќе обезбедува менторство, обука и поврзување со работодавачи, најави проект за поддршка на млади занаетчии, субвенции за современа опрема на занаетчиите, дигитални уреди и технички алати, но и кампања „Учи занает, гради иднина“  за директна вклученост на локалните мајстори.

Ѓорѓиевски ќе го враќа и ноќниот живот во Скопје.

„Со цел враќање на ноќниот живот во Скопје ќе изградиме диско-зона со која ќе се создадат специјализирани зони за летни дискотеки и ноќни клубови, надвор од центарот на градот со цел намалување на метежот, бучавата и притисокот врз градското јадро овозможувајќи контролиран ноќен развој и ревитализација на периферијата“, вели Ѓорѓиевски.

Најави и дигитални станбени хабови, проектот „Паметно семејство“ кој ќе создаде станбени зони за млади брачни парови и повратници од странство со засилена социјална и дигитална инфраструктура и целосна дигитализација на пазарот на недвижности со што сите сите достапни станови и деловен простор ќе бидат јавно објавени на градскиот портал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија3 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија5 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија5 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија5 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија7 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија7 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет8 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет8 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија10 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија10 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа10 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет11 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет12 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет12 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа12 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет12 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија12 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија12 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...