Црна хроника
Изгоре возилото на началникот на СВР Штип
Утринава, на паркинг на улицата Ванчо Китанов, настанал пожар на возило „ауди 5“, чиј сопственик е началникот на СВР Штип, Боби Гидиоски.
„На 17.7.2023, во 3.01 часот, во СВР Штип било пријавено дека во 2.50 часот на паркинг на улицата Ванчо Китанов во Штип настанал пожар во патничко возило ‘ауди А3’, сопственост на Б. Г. (49) од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Штип“, велат од СВР Штип.
Истрагата ќе открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен гостиварец, возел со брзина од 174 километри на час
Полицијата уапси гостиварец кој возел со 174 километри на час, на автопатот Гостивар – Тетово.
Вчера во 15:45 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.А. (35) од Гостивар.
При контрола на сообраќајот со радар, утврдено е дека тој управувал „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час во населено место, каде што максималната дозволена брзина е ограничена на 80 километри на час.
Црна хроника
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија, уапсено едно лице
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти кај Гевгелија каде биле пронајдени пет лица од Египет.
Вчера во 20:30 часот на место викано „Нова петла“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода Р.Р.(28) од с.Копаница, скопско.
При преглед во возилото „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, двајца уапсени
Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје.
По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

