Црна хроника
Истрага за насилник кој со пиштол заплашувал семејство во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека ги сторило кривичните дела неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 и насилство од член 386 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 36-годишник, на 2 август, на булеварот Никола Карев во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, ја загрозил сигурноста на двајца сопружници и предизвикал чувство на загрозување и страв кај други присутни лица.
Додека сопружниците и нивните две малолетни деца со автомобил „тојота“ се движеле на булеварот, оштетениот и другото лице претрчале пред нив. Осомничениот се доближил до возилото на оштетениот, ја отворил возачката врата, почнал вербално да се расправа држејќи во раката пиштол TANFOGLU, во кој имало рамка со 10 куршуми и за кои немал дозвола да ги поседува. Потоа почнал со клоци и тупаници да удира во задниот дел од возилото, каде што седеле децата.
Набргу потоа полицијата го лишила од слобода и му го одзела оружјето.
Со оглед на тоа што постојат околности што упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Имено, осомничениот претходно бил веќе осудуван за кривични дела, од кои еднаш за обид за убиство, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

