Црна хроника
Истрага за убиство на свиреп начин во Скопје, се скарале, па со нож го избол до смрт
Истрага против тетовец, кој по расправија со друго лице во Скопје, извадил нож и го избол 20 пати по што човекот починал.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишниот тетовец на издржување затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за Убиство.
На 29 декември, во напуштен објект на улицата 1737 во Скопје, по вербална расправија, осомничениот со умисла на свиреп начин лишил од живот едно лице. Со оштетениот се сретнале во Градскиот трговски центар и тргнале во правец кон т.н. адвокатска улица. Во напуштениот објект почнале да се караат, па осомничениот од џебот извадил нож, со кој на оштетениот му задал повеќе од 20 убоди во телото.
Поради сериозноста на повредите, оштетениот починал, а осомничениот си ги измил рацете и си заминал од местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

