Топ
Истрага против дилерот кој снабдил дрога за забавата во станот во Центар

Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Станува збор за случајот со родендеската забава во изнајмен стан во центарот на Скопје, која полицијата вчера ја растури.
„Во изнајмен стан на улицата ‘Црвена Вода’, 28-годишниот осомничен неовластено држел 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанци: 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). При претрес на станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога“, информираат од обвинителството.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка куќен притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара „безусловно предавање“
Во претходните објави, Трамп изјави дека САД сега имаат целосна контрола врз небото над Иран и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.
„Нема да го убиеме, барем не засега“, напиша Трамп, сугерирајќи дека целта е позната, но дека тој во моментов не планира напад врз иранскиот лидер.
САД испраќаат повеќе борбени авиони на Блискиот Исток
САД распоредуваат повеќе борбени авиони на Блискиот Исток за да го зајакнат своето воено присуство во регионот, поради ескалацијата на војната меѓу Израел и Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски претставници.
Еден од изворите рече дека авионите што се испраќаат вклучуваат Ф-16, Ф-22 и Ф-35.
Двајца други претставници нагласија дека ова е одбранбено распоредување, со оглед на тоа што авионите веќе се користат за соборување беспилотни летала и ракети.
Аксиос: Трамп сериозно размислува за напад врз иранските нуклеарни објекти
Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за американски воен напад врз иранските нуклеарни објекти, вклучувајќи го и подземниот објект за збогатување ураниум во Фордоу, објави Аксиос, повикувајќи се на тројца американски претставници.
Според извештајот, Трамп ќе одржи состанок со својот тим за национална безбедност во 13 часот по локално време денес во таканаречената Соба за ситуации во Белата куќа, каде што се очекува да донесе одлука за политиката на САД кон војната меѓу Израел и Иран.
Македонија
40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.
Имајќи ја предвид пред се опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Свет
Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу блиску до изградба на нуклеарно оружје и покрај спротивните процени од американските разузнавачки агенции.
Според „Скај њуз“, ова е во спротивност со изјавата на Тулси Габард, која Трамп ја назначи за свој врвен советник за разузнавање за својот втор мандат. Габард му рече на Конгресот во март дека американските агенции веруваат оти Иран не гради нуклеарно оружје и дека врховниот лидер на земјата не ја одобрил нуклеарната програма што ја суспендирал во 2003 година.
Кога новинарите денес го прашаа за оваа контрадикција, Трамп ги отфрли изјавите на Габард: „Не ме интересира што рекла таа (Тулси Габард)“, рече Трамп. „Мислам дека беа многу блиску до тоа да го добијат“.
„Ројтерс“ објави дека американските претставници изразиле загриженост за активностите на Иран за нуклеарните постројки, иако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не пронашла докази за обновена воена нуклеарна програма.
„Си-би-ес њуз“ истакнува дека европските лидери на самитот на Г7 повикаа на дипломатија и континуирано следење на нуклеарната програма на Иран, а Трамп остана цврст. Во извештајот се наведува и дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, повторно ја отфрлил можноста за изградба на нуклеарно оружје,тврдејќи дека тоа е спротивно на иранските религиозни принципи.
Со оглед на растечките тензии, американската администрација ги интензивира консултациите со европските партнери, а „Ројтерс“ објави дека се очекува нова рунда разговори со цел да се спречат понатамошна ескалација и можен воен конфликт.