Топ
Камион поклопи маж при истовар на стока
Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога камионот се придвижил откако претходно човекот го паркирал со намера да истовари стока во касапница.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите
Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани, велат од Демократската Унија за Интерграција повикувајќи ја Владата да го усвои Законот за рестриктивни мерки како прв чекор кон враќање на владеењето на правото и економската праведност, како и да спроведе ревизијата на процесот на приватизација.
„Ревизијата на процесот на приватизација е неопходна. Тоа не е само барање, туку обврска кон граѓаните кои со години се жртви на неправедните и корумпирани практики што ја доведоа нашата економија во оваа состојба. Ги повикуваме институциите веднаш да преземат чекори за деолигархизација, а Владата да престане да биде заробена од спонзорствата на овие олигарси“, порача ДУИ.
Партијата додаде дека деолигархизацијата не е избор, туку услов за напредок на нашата земја кон вистинска демократија и интеграција во Европската унија, па затоа време е Владата да ги стави интересите на граѓаните пред личните и интересите на олигарсите.
Македонија
СДС тоне по рејтинг, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници.
Падот на рејтингот на СДС е директен резултат на молкот и распространеторста на криминалните шеми со ДУИ, но и покрај тоа СДС грчевито го штити Груби и не го повикува на одговорност пред правдата.
Крајот на ДУИ започна со ставањето на црна листа на САД, најпрво со Рамиз Мерко, а потоа и со Артан Груби. Се сруши и митот за Ахмети дека ниту се чесни, ниту се борат и ги штитат своите луѓе ниту пак дека се можат и се недопирливи.
Артан Груби е извршител на ДУИ и Ахмети а негови соучесници и асистенти се СДС.
Центарот на политичкиот криминал на СДС се Заев, Ковачевски, Филипче Спасовски.
Криминалните банди и фамилијарните кланови владееја и ја наметнуваа својата волја како сакаат и каде сакаат, а МВР под раководство на Спасовски не се спротивставуваше и дозволуваше хаосот да завладее додека беззаконието царуваше.
СДС ја окупираше државата во соработка со корумпирани судии и обвинители бирани во Струмица и Зајас, додека фамилијарните кланови под закрила на Ахмети и Заев со своите криминални делувања го уништуваа системот.
СДС делуваше во координација на ДУИ а Груби беше извршител, 7 години овие деструктивни сили го заробија системот и ја уназадија државата.
СДС дозволи криминалот и корупцијата да напредува додека народот осиромашуваше.
Артан Груби, СДС и ДУИ мислат дека од правдата ќе побегнат но засолниште за криминалците и сите оние што го прекршиле законот нема.
Одговрност мора да има. Место за криминалци во политиката нема.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извади државата од темната етапа во која ја доведоа СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ напорно работи да обезбеди напредок, инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ
„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект“, велат од СДСМ.
„Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:
Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.
Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.
Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.
Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.
Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.
Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.
Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните“, соопшти СДСМ.