Црна хроника
Крадела накит од семејства каде што работела па го продавала – кривична пријава за 55-годишна жена
Кривична пријава за 55-годишна жена од Тетовско, која се сомничи дека извршила две кражби на златен накит од семејства каде што била работно ангажирана, соопшти полицијата.
Жената го украла накитот и потоа го продала за сума од 760 евра.
„Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти две кражби на златен накит извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино и поради основи на сомнение дека ги извршила кривичните дела до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица“, информира МВР.
Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде што била работно ангажирана, од нивните сопственици противправно одзела златен накит, кој го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра. Накитот е пронајден и вратен им е на сопствениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.