Црна хроника
Кривична пријава за ексградоначалничка на општина Македонска Каменица
Ексградоначалничката на општина Македонска Каменица С.С. ја злоупотребила службената должност додека била на функцијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(55) од Македонска Каменица и Т.С. (35) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 11.08.2020 С.С. како градоначалник на општина Македонска Каменица, ја злоупотребила својата службена положба и овластување, постапувајќи спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локална самоуправа и наместо имотот на општината да го евидентира и да спроведе транспарентна постапка за негово отуѓување, откако претходно се уверила дека двете цистерни за мазут не се водат како основно средство на основно училиште во Македонска Каменица, ангажирала јавно претпријатие од Македонска Каменица за откривање и вадење на цистерните.
Второпријавениот го организирал отстранувањето на цистерните од јавна површина од Македонска Каменица преку правно лице од Кавадарци за износ од 147.200 денари. Со извршеното дело пријавените предизвикале вкупна материјална штета на општина Македонска Каменица во износ од 7.600.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.