Топ
Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи
Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи.
Според информациите на МВР, М.Н.(28) е приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете.
Таа, околу 15:30 часот на улицата Климетица во Струга физички го нападнала својот осумгодишен син и го присилувала да питачи.
Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи детето било пренесено во Општата болница во Струга каде што му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што било пренесено и сместено во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракометарите загубија од Холандија – Холанѓаните се пласираа во втората фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии. Кога на ова ќе се додадат и 14 загубени топки, јасно е зошто Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, не можеа да одговорат на брзиот центар на Холанѓаните, кои со серија од пет гола ја стекна највиоката предност 13:17.
Вториот дел подобро го отворија холандските ракометари, Македонија првиот гол го постигна по четири минути игра, а Холандија во тие моменти јмаше предност од пет гола.
До крајот Македонија се обидувапе да ја стигне предноста на Холандија, но на успеа да спушти под два гола. Во последните 15 минути се „истакнаа“ данските судии, делеаа исклулувања и седмерци во корист на Холандија.
На крајот славеа 32:37 и изборија пласман во втората фаза.
Холанѓаните победија со само четири голмански интервенции, изведоа 13 седмерци. Македонија имаше седум исклучувања, црвени картони добија Павле Атанасијевиќ и Лазаревски.
Кузмановски со девет и Серафимов со шест гола беа најефикасни македонски ракометари.
На крајот, не се одржа традиционалната церемонија, кога се прогласува најдобриот играч на натпреварот. Македонските навивачи, фрлаа парички на теренот, гласно негодуваа: „ИХФ мафија“, а Холанѓаните избегаа во соблекувалната.
Македонија
Големи гужви попладнево на повеќе скопски улици – сообраќајот закочен
Огромни гужви има попладнево во повеќе делови од главниот град, а граѓаните се жалат дека се заглавени во своите автомобили повеќе од еден час, на рути за кои воглавно се потребни по 20 до 30 минути.
Според информациите, голем метеж има кај Автокоманда поради сообраќајна незгода со неколку возила, поради што настанати се колони, а автомобилите едвај се движат и во реонот на Железара и Бутел, каде исто има информации за случена сообраќајна несреќа.
Големи колони попладнево беа забележани и кај Влае.
Засега не е позната состојбата на учесниците во незгодите.
Граѓаните се жалат на големи гужви и во реонот на скопски Аеродром, Ново Лисиче, Нерези.
Македонија
Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово-Бељаковце, за две-три недели ќе имаме и нова железничка линија
Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја пуштаме пругата од Куманово до Бељаковце, пруга која ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните, истакна во своето обраќање вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на пуштање во употреба на новата пруга од Куманово до Бељаковце.
„Прекрасен ден да ја отвориме пругата од Куманово до Бељаковце, 31 километар кој се надевам дека ќе значат нов економски развој и напредок за целиот овој регион. Овој е еден од регионите кој што најмногу треба да ги развиваме во државата и регион кој дефинитивно заслужува поголем економски напредок. Како што кажа директорот на Железници Инфраструктура, беше голем предизвик да се заврши проектот навреме и еве проектот е завршен навреме. Завршувањето покажува не само посветеност и одговорност, туку дека во Македонија можат да се реализираат и големи инфраструктууни проекти и оваа е само поттик да се продолжи понатаму и за втортата фаза, а секако и за реализација и за третата фаза за која што ќе ни треба заеднички договор со соседна Бугарија. И како што често кажувам, ова е за да се поврземе, а не да не се поврземе со Софија, бидејќи значењето на оваа пруга е доколку имаме целосно поврзување на коридорот 8“, посочи Николоски.
„Користењето на оваа пруга ќе значи многу на локалното население, ќе значи многу и за бизнисот, инсистираме карго сообраќајот да се развива и веќе зборувавме за одредени делови на карго сообраќајот на оваа пруга за да може полесно да се равива бизнисот. Би сакал лично да се заблагодарам на премиерот за подршката, не е мала работа три големи проекти да отворите за две недели.
Да се заблагодарам на сите кои работеа на пругата, на изведувачот, на надзорот и сакам да споделам добра вест за граѓаните на Куманово. Тие знаат, но другите граѓани не знаат. Иако Куманово и Скопје се близу и се поврзани со железница помеѓу двата града сега нема воз. За две до три недели од денеска, со подршка на ЈП Железница Транспорт почнуваме редовна линија Скопје – Куманово која во одредени денови во неделата ќе доаѓа и до тука до Бељаковце. Нека е со среќа, аирлија и за убави работи да се гледаме” – истакна вицепремиерот Николоски.