Топ
Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал ученичката и ѝ праќал пораки на „Фејсбук“, со што сакал да ја наведе на сексуален однос.
Пријавениот наставник во основно училиште во Струмичко е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа „Фејсбук“ праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето, со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврата и ја допирал по телото.
На 20.5.2022 таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази по што биле преземени мерки и наставникот на 21.5.2022 бил приведен во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Свет
Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија.
Словачкиот премиер Роберт Фицо се придружи на церемонијата на Црвениот плоштад како единствен присутен лидер на Европската Унија.
„Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните лидери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“, рече Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Претходно денес, Франција и Полска потпишаа договор за зголемување на соработката по прашања од областа на одбраната и енергијата.
Договорот, кој опфаќа прашања од одбраната, енергијата, нуклеарната енергија и транспортот, ги обврза на меѓусебна помош во случај на воена закана.
Македонија
Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманово, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П., против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование против Б.С. – управителка на правното лице.
Првопријавената В.Т., во текот на учебната 2022/2023 и во текот на учебната 2023/2024 година, додека траела реконструкцијата на училиштето и не се изведувала настава со физичко присуство на ученици, во два наврати спровела отворени постапки за доделување на договор за јавна набавка на услуга – превоз на ученици, во кои постапки било изберено пријавеното превозно претпријатие од Куманово, застапувано од пријавениот Д.П. од Кумнаово, како единствен понудувач и носител на набавката. Д.П., потоа заедно со пријавената В.Т. изготвиле лажни записници за квалитетно и навремено извршена услуга, кои ги потпишале двајцата, па врз основа на лажните записници Д.П. изготвил лажни фактури во кои биле внесени невистинити податоци и како такви биле доставени до Министерството за образование и наука.
Доставените фактури биле одобрени и исплатени од четвртопријавената В.Д., петтoпријавената Д.Б, шестопријавената В.В., седмопријавената Ј.В., осмопријавената Д.Т. и деветтопријавената Н.К.. и покрај тоа што знаеле дека училиштето се реконструира и наставата се одвива без физичко присуство на ученици и наставници. Додека пак пријавената С.Б. – управител на правното лице за книговодствени услуги од Куманово, иако знаела дека изготвените фактури се со невистинита содржина и не се поткрепени со никаква друга задолжителна пропратна документација предвидена со закон, сепак ги книжела во финансиските книги на правното лице за превоз на патници.
На тој начин, сите пријавени им овозможиле на пријавениот Д.П. и правно лице за превоз на патници од Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 32.620.123 денари на штета на буџетот на РСМ.