Топ
Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници
Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис. Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднела кривична пријава против М.К.
„На 23-ти август оваа година, при извршен претрес на фарма во атарот на селото Корошишта, под пластеници од најлонски фолии пронајдени се 10 стебла со висина од 2,5 метри од растението Cannabis. Садниците, кои биле засадени покрај останатите земјоделски култури во фармата, сопственост на сега пријавениот, се одземени по што е извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје“, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје
Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец утрово се без парно греење.
Од ЕСМ Снабдување со топлина информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија.
„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.
Македонија
Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив
Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денес, пред почетокот на вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, рече дека, според распоредот по кој се раководат, измените на законот треба да бидат изгласани пред изборите.
„Нашиот опсег на активности предвидува целиот овој консултативен процес со адаптацијата на предлог-измените на Законот за локалната самоуправа да заврши до крајот на март и потоа да влеземе во консултации со сите парламентарни политички партии. Да отвориме и таму една дискусија за да ги презентираме работите што сакаме да ги имплеметираме во новото законско решение. Очекувањата се дека од следните локални избори изменетиот Закон за локалната самоуправа ќе биде применлив“, рече министерот Перински.
На првата консултативна средба за измените на Законот за локалната самоуправа, која се одржа во Битола, Перински потсети дека разговарале технички за степенот или можноста за отповикување градоначалник и за процентуалниот удел на граѓанските иницијативи за да се влезе во фаза на референдумско изјаснување. И на денешната средба, која се одржува во Штип, ќе се разговара за трите постулати за измена на законот, кои, според Перински, се референдумска можност за отповикување градоначалници како единствени функционери кои сега не може да бидат отповикани, воведувањето комунална полиција и поголемо учество на граѓаните во работата на општината.
Македонија
Нема настрадани во пожарот во домот за стари лица во Квадарци, според првичните информации
Нема настрадани лица во старскиот дом во Кавадарци, укажуваат првичните информации.
Од ЦУК во Кавадарци информираа дека пожарот го гаснат 12 пожарникари со 3 противпожарни возила На терен се и 7 полицајци, возила на итната медицинска помош и минибуси за транспорт на лицата.
Од сместените во домот, пет лица се неподвижни.
Градоначалникот на општина Кавадарци ќе оствари комуникација со итната медицинска помош во Неготино за да испратат едно возило на испомош.
Се планира лицата да бидат транспортирани во Општата болница во Кавадарци.