Црна хроника
Кривична пријава против жител на Липково кој со нож избоде до смрт негов братучед
СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Б.С.(43) од с.Липково, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.
Пријавениот, на 18.4.2020, во близина на селската џамија во с.Липково, по претходна расправија поради нерасчистени семејни односи, со нож го нападнал неговиот братучед Ј.С. од с.Липково, нанесувајќи му повреди со смртни последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криумчар на мигранти
Вчера во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Дебарца
Вчера во 09.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Врбјани, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.