Црна хроника
Кривична пријава против три лица за разбојништво во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.А.(40) од село Бузалково, Велешко, Ј.З. (45) од село Кочилари, Градско и Ф.И.(35) од село Радолишта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „разбојништво“.
„На 27.08. годинава, во 14:20 часот во Струга, на улицата Битолски конгрес пријавените со употреба на физичка сила и спреј солзавец извршиле разбојништво над Д.З.(26) од Прилеп, при што му одзеле ранец во кој имало 8.800.000 денари, а потоа со патничко возило ‘фолксваген голф 3’ заминале во непознат правец“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.