Црна хроника
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино поради постоење основи на сомнение дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле за неовластена продажба и пуштање во промет марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.