Топ
Кривична против жител на село Грчец поради разбојништво, со пиштол ограбувал казина во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ш.И(27) од с.Грчец поради основано сомнение дека извршил три кривични дела “разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 408.000 денари, соопшти МВР.
„Пријавениот, кривичните дела ги извршил во текот на август годинава на подрачјата на Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, сите во објекти на казино „Сенатор“, и на идентичен начин – на местото на настаните доаѓал со моторцикл марка „Кимко“ (без регистарски ознаки) се паркирал пред казината, влегувал во истите и со закана со пиштол од вработените барал пари.. Првото кривично дело Ш.И. го извршил на 03.08. околу 21:45 часот на ул.Ѓорче Петров, второто кривично дело го извршил на 11.08. околу 17:00 часот на ул.Вангел Димов во клуб казиното Сенатор, и третото кривично дело го извршил на 28.08. околу 10:45 часот на ул.Народен Фронт во клуб казиното Сенатор“ се наведува во соопштението.
Притоа во третиот случај, како што се додава во соопштението, пријавениот откако ги зел парите од касата при излегување од казиното со закана со пиштолот и употреба на физичка сила ги удирал играчите во казиното и барал да му ги дадат парите, по што го напуштил објектот.
На 6-ти минатиот месец на ул.Козле во близина на детското игралиште покрај кејот на река Вардар, пронајден е моторциклот, кој е предаден за крим-техничко вештачење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето.
Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека судењето ќе трае 10 до 15 години.
– Оваа изјава е срамна и понижувачка за семејствата чии деца ги загубија животите во трагедијата. Таквите зборови звучат како обид да се подготви јавноста за бавно одолговлекување и заборавање. Ние тоа нема да го дозволиме, рече мајка на загинато девоче пред новинарите.
Родителите на настраданите бараат да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси. Исто така, нагласија, рочиштата мораат да добијат приоритет и постојано темпо, со цел постапката да тече непречено и без непотребни одложувања. Тие се сомневаат во манипулации или скриено забавување на судскиот процес, бараат јавно и транспарентно следење на сите процесни активности.
-Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука – на кружниот тек, се додека не почне судењето, а за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри, порачаа членови на семејства што загубија свои блиски во мартовскиот пожар во „Пулс“.
Денешниот 26-ти „Марш за ангелите“ во Кочани, вообичаено започна од „Паркот на Револуцијата“ каде и заврши. Попатно, петнаесетина минути беше блокиран сообраќајот на кружниот тек пред двојниот мост, токму на местото каде што од утре па натаму се најавуваат јавни собири и блокади.
Топ
18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.
Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.
– Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата е пријавена во полиција вчера во 18:45 часот.
Свет
Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот извоз и ќе воспостави строги контроли на извозот на критичен софтвер, како одговор на ограничувањата што Кина ги воведе за ретките земни метали.
Само неколку часа по изјавата на Трамп, Биткоинот се урна под 110.000 долари, што претставува пад од над 12% во рок од 24 часа. Според податоците на „CoinGlass“, крипто трговците кои се обложуваа на раст на пазарот изгубија над 7 милијарди долари, при што се случија масовни ликвидации на позиции во вкупна вредност од 7,5 милијарди долари – најголем еднодневен колапс во историјата на дигиталните средства.
Најголеми загуби се забележани кај Биткоин (1,83 милијарди долари), Етереум (1,68 милијарди), Солана (614 милиони) и XRP (432 милиони). Ликвидациите на пазарот, односно присилното затворање на позициите кога трговците не можат да ги покријат загубите, доведоа до исчезнување на повеќе од 9 милијарди долари од крипто пазарот во рок од еден ден.
Пазарните аналитичари од „Valuermarket“ оценуваат дека ова е најголемата еднодневна ликвидација во историјата на дигиталните средства и предупредуваат дека може да следи нов бран нестабилност ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи да се заострува.