Црна хроника
Маж тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу две возила на патот Гостивар – Градец

Вчера, во 16.50 часот, во СВР Тетово, пријавено e дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, во селото Добридол, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале две патнички моторни возила со гостиварски регистарски ознаки: „мицубиши“, управувано од 44-годишниот А. Н. од гостиварско Врапчиште, и „опел“, што го управувал 63-годишниот А. С. од гостиварска Топлица.
Во несреќата возачот на „опелот“ добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Радовиш, бил удрен од „мерцедес“

Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
Црна хроника
Син истепал татко, брат нападнал сестра: два случаи на семејно насилство во Кисела Вода

На 07.10.2025 во 11:21 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот 35-годишен син физички го нападнал и оштетил дел од покуќнината.
Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријави дека околу 08:30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната од неговиот малолетен син.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите
Црна хроника
Кривична против тетовец: заградил парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг место за автомобили.