Црна хроника
Малолетен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Крива Паланка
Вчера во 01.05 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Крива Паланка, и патничко возило „фиат браво“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од с.Тлминци-кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возејќи трактор, се превртел и тешко се повредил
Вчера во 18.45 часот од Медицинскиот центар Гостивар во полициската станица Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. (53) од село Форино.
По преземените мерки било констатирано дека Б.С. управувајќи трактор без регистарски ознаки со приколка, изгубил контрола над возилото и се превртил.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Жена возејќи корса изгуби контрола и удри во бетонски столб
Во 14.40 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот, обиколница град Скопје во правец од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (44) од село Кондово, скопско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., додека нејзините сопатнички С.Р.(49) и С.Р.(19) двете од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Полицијата го најде возачот кој усмрти 78-годишна жена во Марино и побегна
Вчера во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден удрило во пешакот В.Н. (78) од село Марино. Возачот по сообраќајката го напуштил местото на настанот.
Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Полициски службеници од полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.