Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје, во него удрил автомобил
Малолетен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.
Според информации од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. Македонско-косовска бригада со ул. Џон Кенеди и ул. 362 во Скопје, „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрил во малолетен пешак од Скопје.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Надлежните информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Тетово: при претрес на неговата куќа пронајдено оружје
Вчера околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот Б.Љ. од Тетово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Во текот на вчерашниот ден во полициските станици во Скопје, три лица пријавиле каснување од куче скитник.
На 07.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Г.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 07.01.2025 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(39) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 07.01.2025 во 12.35 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Д.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсена жена од Турција на скопскиот аеродром, фалсификувала билет за лет до Истанбул и белгиски пасош
Вчера, во 14.20 часот, на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“ на излез од државата полициски службеници ја лишиле од слобода 32-годишната С. Д. од Република Турција затоа што при контрола приложила фалсификуван онлајн-билет за лет Скопје – Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа.
Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.