Топ
Малолетник со закана со пиштол му одзел пари на друг ученик во скопско училиште

Денеска (19.05.2023) во околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето. Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Водовод“: Поради прекини на струја дојде до два дефекти истовремено на главната водоводна линија

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека поради повеќе краткотрајни прекини на снабдување со електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец, предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.
Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се 2 дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите.
„Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата рескција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот. Екипите на ЈП Водовод и канализација веднаш излегоа на терен и работат интензивно на санација на дефектите, со цел во најкраток можен рок да се обезбеди целосна нормализација на водоснабдувањето“, се наведува во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Регион
(Видео) Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил

33-годишниот Бобан Сјеклоќа беше убиен вчера околу 18 часот во продолжението на војната меѓу црногорските кланови. Телото на овој висок член на ќелијата Цетиње на Шкаљарскиот клан беше пронајдено во кај плажата Трстено во близина на Будва во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица.
Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди за црногорски Вјести дека за време на истрагата се пронајдени неколку чаури и дека наредила вештачење на запленетите траги. „Жртвата е идентификувана како Б.С. (33). За време на истрагата се пронајдени одреден број траги и чаури, кои ќе бидат испитани во Центарот за судска медицина“, рече таа.
Извор близок до истрагата за Вјести изјави дека телото го пронашле пожарникари кои биле известени околу 18 часот дека автомобилот излетал од патот. Тој истакна дека мажот бил застрелан преку шофершајбната. Сјеклоќа со години бил во бегство. Според полициските податоци, тој бил важна алка во ќелијата на криминалниот клан Шкаљари во Цетиње.
Специјалното државно обвинителство го обвини за шверц на половина тон кокаин и помагање во ликвидацијата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во Цетиње во 2020 година. Полицијата неколку пати ја претресе неговата куќа во Цетиње, но не го пронајде за време на овие операции.
За потсетување, Шкаљарскиот и Кавачкиот клан се во судир со години. Крвавиот конфликт започна кон крајот на 2014 година поради исчезнувањето на 200 килограми кокаин од стан во Валенсија, што доведе до поделба на некогаш обединетиот криминален клан на два завојувани табора.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Мерц: Русија стои зад дроновите над Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот на викендот, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен.
Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и во споредба со Студената војна. Тој додаде дека ниту едно од беспилотните летала досега не било вооружено и дека сите летале за извидувачки цели.
Во последните недели, слични неидентификувани дронови се забележани над неколку европски земји. Во Данска, во последните недели се регистрирани бројни летови на неидентификувани дронови над воени објекти и аеродроми.
На пример, пријавени се летови над аеродромот Каруп и неколку дански аеродроми. Како резултат на тоа, властите привремено ги забранија летовите на цивилни дронови и го зголемија надзорот, а данското разузнавање потврди дека станува збор за „хибридни напади“ за кои ја обвинија Русија.
Сомнителни летови на дронови над воени бази и стратешка инфраструктура се пријавени и во Германија и Белгија. На пример, околу 15 дронови се забележани над белгиската воена база Елзенборн, а во Германија властите истакнуваат дека инцидентите стануваат сè почести, особено во близина на воени и индустриски објекти.
фото: принтскрин