Топ
Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во крвта.
Имено ноќта на 15/16.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Тетово била извршена акциска контрола во угостителски објект во Тетово.
Пo извршенa проверка било утврдено дека во објектот има 26 малолетни лица, при што кај 4 од нив било констатирано присуство на алкохол во крвта.
Во однос на Ковид-19 мерките, за време на контролата било утврдено дека 6 лица биле без сертификат за вакцинација.
По документирање на материјалот, сите утврдени неправилности ќе бидат соодветно сакционирани, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река.
Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници, од кои според првичните сознанија двајца се од Бангладеш и еден од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди.
ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.
Македонија
ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот капитал во банкарскиот сектор на Северна Македонија, вклучително и последното одобрување на „АЛТА Банка“ за преземање на акции во Стопанска Банка Битола.
Конкретно, како што појаснуваат од оваа партија, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата 65-та седница, предводена од претседателката Бујаре Абази, кадар на ВРЕДИ, дала дозвола на „АЛТА Банка“ АД Белград да поднесе официјална понуда за преземање на „Стопанска Банка“ АД Битола.
„ДУИ отвора сериозни прашања и бара целосна транспарентност:
• Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на вицепремиерот Стоилковиќ, се одржал состанок меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на кој било разговарано и координирано ова крупно српско инвестирање?
• Доколку таков состанок се одржал, која била неговата цел и како е поврзан со одлуките за давање дозвола на „АЛТА Банка“ од институциите предводени од ВРЕДИ?
Овој случај покажува јасна манипулација: додека за отворање банки со албански капитал постојат огромни пречки, банките со сомнителен српски капитал немаат никакви проблеми да влезат на пазарот, дури добиваат и брзо одобрување од институциите“.
Потсетуваат дека Европската централна банка во 2024 година изрази сериозни сомнежи за можноста од перење пари преку обидот на „АЛТА Pay“, српска компанија предводена од Давор Маќура, да ја преземе „Addiko Bank“ во Австрија. Во овој контекст, додаваат, одобрувањето на „АЛТА Банка“ во Македонија отвора сериозни прашања за стандардите на транспарентност и финансиска безбедност.
„ДУИ бара јасни и итни одговори од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вицепремиерот Стоилковиќ и Изет Меџити, со цел јавноста да биде информирана за мотивите, содржината и последиците од ваков состанок, и да се обезбеди дека стратешките и финансиските интереси на државата нема да бидат жртвувани во корист на интересите на „српскиот свет“.
Ова не е само економско прашање; преку банкарскиот сектор и олеснувањата дадени на банките со српски капитал, се прави обид да се воспостави директно влијание на „српскиот свет“ во Северна Македонија. Овој феномен не го загрозува само економскиот и финансискиот систем, туку и политичките текови, создавајќи простор за стратешки и институционални одлуки во корист на туѓи интереси, на сметка на националните интереси и интересите на Албанците и сите граѓани на државата“.
Македонија
(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто не дозволува декласификација на сите материјали поврзани со случајот со Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Филипче истакна дека е важно да се расчисти овој случај, не само за јавноста да ја дознае вистината, туку и за да не се фрли дамка врз професионалците вработени во АНБ, кои изминатиот период речиси и не беа споменувани.
„Зошто не дозволувате декласификација на сите тие материјали, секако со заштита на идентитетот на сите луѓе чии што податоци треба да останат доверливи, за јавноста конечно да дознае дали имало злоупотреба или не. Дали некој го прекршил законот или не? Треба ли некој да одговара?“, праша Филипче.
Тој посочи дека целата приказна потекнува токму од премиерот, кој претходно јавно најавуваше дека постојат индиции за негово следење.
„Вие вчера изјавивте дека не сте биле следени директно, туку индиректно, и сега се отвораат многу прашања. Прво, дали навистина имало злоупотреба и дали сте биле следени како лидер на тогашната опозициска партија? Дали биле следени и други лица или групации со кои сте комуницирале?“, додаде Филипче.
Тој нагласи дека со одбивањето да се декласифицираат документите, под изговор дека е во тек предистражна постапка во Јавното обвинителство, Владата не само што ја манипулира јавноста, туку директно ја потценува улогата на Собранието и го поткопува Уставот.
„Имајќи предвид дека пратениците се лица со соодветни безбедносни сертификати и имаат право на увид во вакви информации, тоа е нивна уставна надлежност – не треба да има мешање меѓу законодавната и извршната власт. Особено ако се земе предвид дека во минатото службите беа злоупотребувани за прислушување и слични активности, сметам дека е од исклучителен јавен интерес оваа афера целосно и детално да се расчисти. Според членот 21 од Законот за следење на комуникациите, секој материјал што претставува злоупотреба или содржи елементи на криминал, не може да остане класифициран“, заклучи Филипче.