Топ
МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загина 66-годишник, сопатничката тешко повредена, вториот возач е приведен

Шеесет и шестгодишен маж загина во сообраќајката што се случи вчера попладнето на патот Велес-Штип.
Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале „бмв“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(29) од с.Супурге, радовишко и патничко возило „сузуки“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од В.П.(66) од селото Каратманово, општина Лозово.
„Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот В.П., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатничката во возилото „сузуки“, Б.П.(60) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот А.А. се здобил со телесни повреди“, објави МВР.
По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле возачот А.А. за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.
Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Топ
Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено оружје. Човекот кој го донел в болница на полицајците им кажал дека во повредениот дека пукал велосипедист и избегал.
„На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото“, соопшти МВР.
Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места слабо чадење, но веднаш беше дејствувано со специјална пена и дозатрупување со земја и со песок по потреба, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што извести Ангелов, на местото се останати дежурни екипи на скопската Бригада за противпожарната заштита и доколку се утврди какво било чадење, тие ќе дејствуваат со специјална пена и со дозатрупување.
Во однос на депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека состојбата е драстично подобрена и дека останува уште еден сосема мал дел да биде затрупан.
„Очекувам попладнево да биде целосно затрупано местото што чадеше овие денови“, додаде тој.