Црна хроника
МВР: 89 приведени, на 135 им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот (20/21.04) по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Проголтал пакување со кокаин, па бил пренесен во болница во Охрид: кривична против 30-годишник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Тој, на 07.03.2025 во 17.10 часот, од И.Д. од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога.
Притоа, М.Ј. со намера да го спречи пронаоѓањето на опаковката со кокаин како предмет за докажување на кривичното дело, ја проголтал, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.
Црна хроника
Насилство во Струшко: кршел во домот и бил агресивен со семејството

Вчера во 15.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Д.М. од струшкото село Враништа, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.