Црна хроника
Младо момче од с. Неготино по струен удар пренесено на Клинички во Скопје
Шеснаесет годишно момче од гостиварското село Неготино, полошко, претрпело силен струен удар и паднало во бессознание по обидот да ја затвори вратата од 110 киловолтната трафостаница на излезот од селото на споредниот пат кон Дебреше, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, шеснаесетгодишникот заедно со две други лица биле на местото кај трафостаницата кога забележале дека металната врата од објектот е отворена, а од внатре се слушала силна бучава.
– Тој се обидел со двете раце да ја затвори вратата, но доживеал силен струен удар и паднал во бессознание по што бил пренесен во Гостиварската болница од каде бил испратен на скопските клиники. Полицијата работи на утврдување на сите околности, како и видот, карактерот и тежината на повредите, рече Јосифовски./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

