Топ
Младо момче пронајдено починато во зграда во Дебар Маало

Починато машко лице на возраст од 20-25 години синоќа е пронајдено во Скопје.
Според информациите, лицето било најдено во зграда на ул. „Дане Крапчев“ во Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.
Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП „Дрисла“ за да ги утврди причините за пожарот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
„Припадниците на криминалистичката полиција ќе позборуваат со вработените дали постои можност некој од внатре да учествува во подметнувањето на пожарите или можеби некој од надвор доаѓа, веројатно малку физички спремен со канта бензин или шише бензин, зашто се работи за запаливи гасови, да го подметне пожарот“,рече Ангелов.
Тој посочи дека чадењето е намалено, но сè уште активно, појаснувајќи дека станува збор за чадење, а не за горење.
Видлив оган на депонијата нема, рече Ангелов, туку се работи за чад што излегува од внатрешноста како последица на силните хемиски и биолошки процеси што се одвиваат на депонијата, каде што се слева исцедокот од депонијата.
Ангелов откри и дека имало најмалку три обиди за ново палење. Побара засилено полициско присуство и дополнителни методи на набљудување, бидејќи дел од депонијата е необезбеден и лесно достапен.
Од „Дрисла“ апелираа до МВР да ги пронајде и санкционира потпалувачите.
Македонија
Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на општините и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Оваа декларација е прва од ваков вид што се усвојува во Собранието.
Со овој историски чин, Собранието ја реафирмира својота непартиска сплотеност и посветеноста за гарантирање на демократските и европските стандарди во изборниот процес, нудејќи целосна поддршка на одговорните институции, независното набљудување и мирната и рамноправна изборна кампања.
Декларацијата ја нагласува важноста на почитувањето на законот, основните права и слободи, како и осудата на говорот на омраза, насилството, корупцијата и злоупотребата на државните ресурси. Исто така, се потенцира значењето на политичката толеранција и меѓусебното почитување меѓу различните политички опции, како и улогата на медиумите во обезбедувањето позитивна атмосфера на изборниот процес преку еднакво промовирање на кандидатите, нивните идеи и платформи.
Собранието, како претставник на граѓаните и чувар на сплотеноста, испраќа порака дека изборите на 19 октомври треба да бидат доказ за политичката зрелост и за демократското функционирање на нашето општество и институции.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).