Црна хроника
Му се зaканила дека ќе објави негови фотографии ако не и` исплати 1.200 евра
Скопјанка со живеалиште во Битола му се заканувала на 44-годишен битолчанец дека ќе објави негови компромитирачки фотографии ако не и`исплати 1.200 евра. По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на В.П. дека е уценуван, вчера на улицата Самоилова во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја уапсиле 34-годишната Е.С..
Според пријавеното, уапсената Е.С. се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра. Таа била приведена веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело уцена по член 259 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Директорка на „Завод и музеј“ Битола незаконски си се унапредила на работното место
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.
Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
Црна хроника
Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР.
Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.
Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.
Црна хроника
Украл пари и нападнал вработена во казино во Охрид
Едно лице е осомничено дека украло пари и нападнало вработена во казино во Охрид.
Според информациите од полицијата, вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.

