Црна хроника
Над 200 казнети возачи во Скопје за брзо возење и алкохол
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи во периодот од 06.00 до 24.00 часот, спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола од страна на полициски службеници утврдено е дека 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 71 останати прекршоци.
Вчера во периодот од 21.00 до 24.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори, при што беа откриени и санкционирани 26 прекршоци. Покрај тоа, констатирани се уште 43 останати прекршоци.
Изминатата ноќ во периодот од 00.00 до 05.00 часот утрово беше спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат под дејство на алкохол, при што од страна на полициските службеници кај 13 беше утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 37 останати прекршоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило „бмв“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

