Топ
На Клиника починала 67-годишна жена од Кумановско

Денеска (01.10.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив починала В.П.(67) од село Табановце, кумановско.
Жената како што соопшти полицијата претходно била донесена за укажување на лекарска помош.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Судот и’ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен и’ e пасошот, откако Кривичниот суд го прифати предлогот за определување на мерки за претпазливост, како осомничена во дополнетата истрага за предметот „Адитив“.
Таа се сомничи дека преку апликациите за пораки „Вибер“ и „Ватс ап“ му оддавала службени тајни на друг обвинет за поведени постапки, за отворање предмети и одлуки против сега обвинетите фирми и лица во предметот „Адитив“, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство.
Судот определи и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело, што подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети.
За првоосоничениот Б.Н. кој се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавни набавки и перење пари, определена е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд.
И за осомничената Б.П.М., определени се мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба.
Македонија
Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега, судот им одреди мерка притвор од 30 дена.
Едно лице сè уште е недостапно за органите на прогонот.
Притворот за деветмината осомниченни е определен поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото, информираа од Кривичниот суд.
Петмина завршија во куќен притвор, додека за девет лица, судот определи мерки на претпазливост, односно обврс да се јавуваат во судот и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.
Во истрагата на Обвинителството се опфатени вкупно 49 лица. Се работи за две криминални групи чии членови разработиле шема преку која на лица баратели на социјални услуги им овозможувале да добијат право на туѓа нега и инвалидска пензија. Меѓу осомничените има и лекари специјалисти кои биле претседатели Стручната комисија за издавање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице.
Македонија
Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди.
„Ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.3.2025 година против осомничениот В. Ј. за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 2 в.в. со чл. 297 ст. 1 од КЗ, поврзан со сообраќајната нестеќа од јануари 2025 година на булеварот Партизански одреди во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Ф. К.“, соопшти Кривичниот суд.
Од таму додаваат дека со одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет, кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење во согласност со АКМИС-системот, а кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.