Црна хроника
На подрачјето на СВР Охрид 109 лица се во изолација

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 109 лица (Охрид-43, Струга-45, Кичево-21). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 69 контроли.
Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 38 лица (Охрид-20, Струга-12, Кичево-1, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 18 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 150 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-47, Струга-30, Кичево-58, Дебар-15).
Во периодот 30/31.05.2020 година, полициските службеници издале 308 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-146, Струга-94, Кичево-39, Дебар-29).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.