Црна хроника
На угостител му се заканува казна оти не се придржувал до препораките
Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект, обвинет дека сторил кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 16 март послужувал храна на гостин седнат на маса во внатрешноста на неговиот угостителски објект, умислено не постапувајќи според писмената наредба на Министерството за здравство, со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасната заразна болест – коронавирусот (Ковид-19).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Црна хроника
Малолетник извршил обљуба врз малолетно девојче во Скопје
Малолетник извршил обљуба врз малолетно девојче во Скопје, случајот го пријавлиа нејзината мајка.
Имено вчера (23.11.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

