Црна хроника
Несреќа на „Партизанска“: Холанѓани со мотор излетале од патот, тешко повредена 72-годишна жена
Холанѓани со мотор излетале од патот, при што тешко е повредена сопатничката.
Според информациите, несреќата се случила вчера на кружна крстосница од улицата Партизанска и улицата Маркс Енгелс во Скопје.
Како што се наведува, Ј. Ц. В. Р. (72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“, со холандски национални ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Ф. Ц. В. Р. (72) од Холандија, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Екстрадиран Бесим Красниќи
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.
Лицето е спроведено во КПУ Идризово.
Црна хроника
Aвтомобил излета од автопат кај клучката кај Коњари, 60-годишна жена тешко повредена
Вчера, на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучката кај Коњари, патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од З. Ј. (39) од Кочани, излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката Л. Ј. (60) од Кочани, а другиот сопатник Г. Ј. (64) од Кочани добил телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип, расчистено разбојништвото
Вчера, во 16 часот, на улицата Христијан Карпош во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода 23-годишната Џ. С. од Кочани, извести МВР.
„Таа се сомничи дека на 15.5.2024 извршила кривично дело разбојништво над Л. М. (69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи“, соопшти МВР.
Џ. С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ. С. ќе биде поднесена соодветна пријава.