Топ
Нови списоци како српските, овојпат во Тетово – ги напишале 11-годишници, па ги оставиле во тоалетот
Две 11-годишни деца во тоалетот од училиштето оставиле список со имиња на ученици. Поради тоа, полициски службеници ги повикале на разговор.
„Денеска (10.05) полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на психолог, педагог и родители извршиле службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во тоалет во основното училиште во кое учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани“ соопшти МВР.
Известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Екстрадиран Бесим Красниќи
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.
Лицето е спроведено во КПУ Идризово.
Македонија
„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“
„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“.
„Ниедна влада не може да го раскине договорот со конзорциумот ‘Бехтел и Енка’“, велат од „Европскиот фронт“, предводен од ДУИ.
Оценуваат дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и, како што велат, најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропска Влада го реализира.
Договорот со „Бехтел и Енка“, како што се додава, е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ги оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација ѝ го носи на државата.
„Јавно прашуваме дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција ‘Вреди’, губитниците на парламентарните и претседателските избори?! Досега во овие неколку дена нѐ нарекоа македонски Албанци, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната влада. Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови?“, велат од „Европскиот фронт“.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера најави дека ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“.
За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – или да се раскине или да се репреговара. Едната е договорот да се раскине и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е договорот да се оптимизира за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот, изјави Мицкоски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран.
„Ваков каков што е, потпишан од оваа Влада, за жал, е во одредена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме“, рече Мицкоски.
Во март минатата година потпишан беше договорот за изградба на коридорите 9 и 10 д, кои ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.
Станува збор за проект вреден 1,3 милијарда евра, а опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат, во рок од шест години.
Коридорот 8 предвидено е да се протега на должина од 68 километри со автопат со 6 ленти, кој ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево, Струга до Ќафасан, а Коридорот 10 д, автопат со 6 ленти во должина од 40 километри, ќе го поврзе Прилеп со Битола.
Владата го нарече проектот историски и најави дека ќе се финализира во период од 6 години од почетокот на работите.
Македонија
Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето
Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето на договорот од Преспа,.
Од говорницата во Собранието тој изрази несогласување со договорот од Преспа велејќи дека се работи за правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето, пренесуваат грчките медиуми.
„Јас не само што немав учествувано во договорот, туку дополнително не можев да имам никакво учество од едноставна причина што суштински не се согласувам со договорот од Преспа, кој е правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето“, нагласи министерот за надворешни работи.
Герапетритис сепак додаде дека договорот со сите проблеми претставува меѓународно право, кое мора да го почитуваат бидејќи во согласност со Уставот е над секоја друга законска одредба.
Ја пофали грчката дипломатија, која издејствувала брза реакција на европските институции по инаугирацијата на Гордана Силјановска-Давкова, која на свеченоста го употрби името Македонија.