Црна хроника
Обвинение за убиството на Мартин Јанушев
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинeние против 28-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело убиство.
Обвинетиот на 3. 11. 2017 година со умисла го убил сега починатиот Мартин Јанушев. Утрината на критичниот ден, користејќи дозволено викенд-отсуство, обвинетиот ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци. Тој со умисла за да го изврши делото, во попладневните часови истиот ден се движел пеш и околу 18:00 часот пристигнал пред зградата во која живеел Јанушев. Откако се сретнал со жртвата пред влезот на зградата, испукал кон него повеќе проектили од огнено оружје марка „црвена застава М70“ со калибар 7,65 мм, нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди дошло до прекин на работата на виталноважните органи и до смртен исход кај сега покојниот Мартин Јанушев“, се наведува во соопштението на обвинителството.
Истрагата против сега обвинетиот Основното јавно обвинителство Скопје ја отвори во октомври 2018 година, кога од судот побара и да му биде изречена мерката притвор. Со оглед на тоа што сега обвинетиот беше недостапен на органите на прогонот, согласно Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за распишување домашна и меѓународна потерница. По една година, на 14.10.2019 година, лицето беше лишено од слобода и за него почна да се спроведува веќе определената мерка притвор, која по барање на обвинителството е неколкупати продолжувана. Во рамки на сеопфатната истражна постапка, обвинителството обезбеди голем број материјални и вербални докази, релевантни вештачења и анализи, беа испитани и над 40 сведоци.
Заедно со обвинението, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави и предлог до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мерката притвор, бидејќи сè уште постои опасност од бегство на обвинетиот, како и опасност да ги сокрие трагите и да влијае врз сведоците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепање, закани со компромитирачко видео, одземање телефон – повеќе пријави за родово насилство во Скопје од партнери и поранешни сопрузи
Во текот на 26 и 27 јануари 2026 година, во Скопје се пријавени повеќе случаи поврзани со семејно и родово базирано насилство, информира Министерството за внатрешни работи.
На 27 јануари, околу 00:30 часот, 40-годишна жена пријавила дека претходната вечер околу 20:00 часот, на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.П. во неговиот дом. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Истовремено, по претходна пријава на 34-годишна жена, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 32-годишниот Р.Ќ. од Скопје, кој, според пријавата, на 23 јануари ѝ упатувал закани дека ќе објави компромитирачки видео запис од неа. Се работи за поранешен партнер. Приведувањето било извршено на 26 јануари во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во друг случај, на 26 јануари околу 16:00 часот, службени лица од СВР Скопје извршиле разговор со 49-годишниот В.Т. од Скопје, откако неговата 42-годишна сопруга пријавила дека тој ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон на 24 јануари во нивниот дом на подрачјето на Центар. И за овој случај е најавен соодветен поднесок по документирањето.
Дополнително, истиот ден во 11:40 часот, на подрачјето на Бит Пазар бил приведен 77-годишниот А.С. од скопско, по пријава на 51-годишна жена дека ја допирал по телото. По преземените дејствија, и за овој случај ќе следува поднесок до надлежните органи.
Црна хроника
Татко пријавил дека наставник го нападнал неговиот син во училишна сала
Триесет и шестгодишниот С.С. од Сарај пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во основно училиште во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, на 26 јануари 2026 година, околу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека нападот се случил истиот ден во 12:40 часот, во спортската сала на основното училиште. За нападот е пријавен А.П. (48) од Скопје, кој работи како наставник во истото училиште.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Турски државјанин уапсен на скопскиот кеј – измамил сонародник за 6.650 евра
Полицијата го приведе 30-годишниот К.К. од Турција, кој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.
Апсењето било извршено на 26 јануари 2026 година, околу 13:40 часот, на кејот „Димитар Влахов“ во Скопје.
Според пријавата, осомничениот во октомври 2025 година стапил во контакт со оштетениот преку социјална мрежа и му ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Во неколку наврати, преку трансакциска сметка, оштетениот му исплатил вкупно 6.650 евра. По тоа, осомничениот престанал да комуницира со него, по што случајот бил пријавен во полиција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

