Црна хроника
Обвинение против едно лице за престрелката во скопско Маџари
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице што се товари за убиство (во обид) и за соизвршителство, како и за предизвикување општа опасност.
„Обвинетиот на 24.1.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор со негов близок роднина, кој во моментот им е недостапен на органите на прогонот, со умисла се обидел да убие едно лице. Имено, на критичниот ден оштетениот се возел во автомобил „фолксваген голф 5“ заедно со својот малолетен син и со уште две лица со кои бил во роднинска врска. Поради претходно нарушени меѓусебни односи на двете семејства, обвинетиот, управувајќи со патничко моторно возило „фолксваген голф 3“, удрил во нив, а зад нив застанал и неговиот роднина со автомобил „алфа ромео 156 карван“. Во двата автомобила имало и други засега непознати лица, кои излегле и со шипки ги искршиле стаклата на „голфот“, во кој се превезувал оштетениот. Во тој момент детето на оштетениот излегло од автомобилот, а обвинетиот го удрил со тупаница нанесувајќи му телесни повреди“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Обвинетите и засега неидентификуваните лица што биле со нив потоа отвориле оган од четири огнени оружја – пиштоли кон патниците во автомобилот „голф 5“ и директно кон оштетениот со умисла обидувајќи се да го убијат и нанесувајќи му тешки телесни повреди во вид на огнострелни рани на двата глужда на нозете и скршеници на левиот талус и на десната потколеница.
Во тој момент оштетениот паднал на земјата, но еден од неговите роднини со својот пиштол Ekol Special 99, преправен како огнено оружје, што го поседувал без дозвола, возвратил на пукањето. Со ова дејство и тој предизвикал значителна опасност за телото на луѓето, па и против ова лице надлежниот обвинител поведе обвинение за кривично дело предизвикување општа опасност и за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи“, стои во соопштението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.