Црна хроника
Обвинети шест лица за прикажување лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром
Шест лица биле фатени на скопскиот аеродром со фалсификувани ПЦР-тестови на Ковид-19, кои наводно им биле извадени од лаборатории во Скопје.
„Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело фалсификување исправа во согласност со член 378 став 1 од Кривичниот законик.
При излез од државата, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови на SARS-CoV-2, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории“, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

