Црна хроника
Обиена црквата „Константин и Елена“ во Центар
Црквата „Константин и Елена“ лоцирана во строгиот центар на Скопје, на улица Македонија, била обиена во периодот меѓу 14 и 18 јануари годинава.
Како што информираат од МВР, злосторството бил пријавен вчера во утринските часови, а според пријавата со употреба на сила било влезено во црквата и биле одземени предмети.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.
Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
Црна хроника
Откриена марихуана во автомобил на кумановец
Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот дом
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј. (44) од Кочани, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка, соопштија од полицијата.
Според пријавата, на 5 јануари 2026 година, во семејниот дом, Т.Ј. со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата ќерка и ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

