Црна хроника
Обвинителството одлучува дали ќе бара притвор за возачот кој ја прегази 24-годишната радовишанка
Полицијата поднесе кривична пријава против 22-годишниот возач кој вчеравечер ја прегази младата Викторија М. на пешачки премин, по што таа почина, дознава „Макфакс“.
Според неофицијални извори, возачот Ј.Ѓ., кој управувал со џипот „циторен Ц4“, е пренесен во скопското Обвинителство. Таму ќе биде извршен уште еден распит од надлежниот обвинител, кој и вчера правеше увид во несреќата.
Обвинителот има две можности, до вечерва кога ќе истечат 24 часа, да го пушти возачот на слобода или од кривичен суд да бара одредување мерка притвор.
Обвинителството засега молчи, не открива дали се исполнети законските основи за ваква мерка, но и како ќе биде постапено.
Во меѓувреме, второто повредено лице, кое било момче на 24-годишната радовишанка, е пуштено на домашно лекување. Тој имал набиеници на карлицата, соопшти директорот на болницата каде што беше прегледан.
Се наоѓа во тешка психичка состојба, видно потресен поради вчерашната трагедија. Во Радовиш, сограѓаните на загинатата Викторија се шокирани од настанот. Со неверување ја примиле веста за нејзината смрт.
Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери, кои се околу пет на крстосницата. Тие ќе помогнат да се утврди што точно се случило вчера по 19 часот. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството.
Кај возачот кој ја усмрти направено е вештачење на примероци од урина и крв, за да се увиди дали возел во алкохолизирана состојба или под дејство на дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.