Црна хроника
Отворена истрага за пронајдената дрога и оружје во камион на Табановце
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 66-годишно лице со двојно државјанство, на Република Северна Македонија и Република Србија, поради основано сомнение дека ги сторило кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и поради изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Осомничениот управувал со товарно моторно возило „даф“, со бугарски регистарски ознаки, со прикачена приколка „тирсан“ со македонски регистарски ознаки. При претресот на возилото на граничниот премин Табановце биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од 120 килограми, еден пиштол „MAUSER“ калибар 7,65 мм, една рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм и еден придушувач за пиштол.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, за кого поднесе и предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерката притвор. Судијата на претходна постапка со решение на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

