Црна хроника
Петмина полицајци претепани од дрвокрадци во Велешко

Полициска патрола синоќа била нападната на место викано Кисела Вода во атар на велешкото село Степанци, при преземање мерки против лица кои вршеле бесправна сеча и превоз на дрва. Напаѓачите употребиле и тврди предмети врз полицајците.
Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје, а четворица полициски службеници се здобиле со повреди.
Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото што го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени ловечки пушки при контрола на возило управувано од маж од Кавадарци

Вчера во 12.35 часот во атар на село Мајден, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово извршиле контрола на патничко возило „нисан терано“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(45) од Кавадарци, а сопатник бил Ј.Б.(66) од Кавадарци.
Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки: „IJ58M“ калибар 16мм со шест патрони и ловечка пушка „Baikal“ калибар со четири патрони.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
18-годишна девојка се оддалечила од својот дом во Скопје, случајот го пријавил таткото

Вчера во 07.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 41-годишниот Р.Б. од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка, 18-годишната А.Р. од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.